Тимот на Куманово ќе го има на располагање за наредната сезона младиот и талентиран 19-годишен ракометар Борјан Цековски.
Играчот кој настапува на позицијата пивот се враќа во клубот од каде во јануари оваа година замина на позајмица во редовите на Младост Богданци.
Во својата кариера настапуваше за тимот КЛ7 Свети Николе, Овче Поле 1958, РК Радовиш и МРК Куманово.
„Огромна чест и задоволство ми е што по една полусезона се враќам назад пред кумановската публика. За мене ова претставува голем предизвик како млад играч да се покажам во најдобро светло во македонската супер лига. Очекувам добра соработка со тренерот и стручниот штаб како и исполнување на примарната цел со тимот, а тоа е пласман во плеј-офот на Супер Лигата“, изјави Цековски.
Покрај новиот тренер Аце Станковски, Куманово претходно ги ангажираше десното крило Александар Стојков, левите бекови Виктор Трифуноски и Тоше Ончев, а нови договори беа потпишани со Григор Трајковски, Давид Димевски, Гиљерме Фернандез, Иван Димитров, Давид Цветковски и со Христијан Крстаноски.
Договорена е нова соработка со средниот бек од Хрватска, Лука Матачиќ, па Куманово ќе има добар тим со кој ќе може да атакува на плеј-офот.