Росана Павлова останува и наредната сезона во Куманово

Раководството на Куманово работи на формирањето на играчкиот кадар за претстојната сезона во Женската лига.

Десното крило Росана Павлова се обврза на нов договор и ќе остане во Куманово до следното лето.

Претходно Куманово ги обнови договорите со Нена Нестороска и Никита Антевска, а се засили со средниот бек Маријана Азеведо и десниот бек Аманда Стеин.

Кумановци останаа без Ана Михајловска која се пресели во Вардар и без Марија Јовановска која го засили шампионот Ѓорче Петров.