Мартин Димов пред потпис со Радовиш

Десното крило Мартин Димов, кој минатата сезона ја мина во тимот на Борец ФЛ, е на чекор до потпис со тимот на Радовиш.

Искусниот велешанец, кој се врати дома минатото лето, одново ќе ја менува средината за следната сезона во елитната конкуренција по исклучувањето на Борец ФЛ.

Димов почетоците ги имаше во Вардар Јуниор каде играше долго време, потоа беше дел од Бутел Скопје, па од Пролет.

Радовишани во минатата сезона во финишот на сезоната го обезбедија опстанокот, а сега почнуваат со формирањето на ростерот за новите предизвици.

Минатата сезона на десната крилна позиција во Радовиш играа Филип Трајанов и Бразилецот Александер Сантос.