Раководството на Куманово активно работи на играчкиот кадар пред стартот на новата сезона во која клубот ќе биде активен на домашна и меѓународна сцена.
По Нена Нестороска, Куманово задржа уште една ракометарка од минатата сезона – Никита Антевска, па десното крило и наредната сезона ќе биде дел од тимот предводен од Славиша Димитријески.
Претходно Куманово се засили со ол-раунд бекот од Португалија, Маријана Азеведо и десниот бек Аманда Стеин од Бразил.
Кумановци останаа без Ана Михајловска, која замина во Вардар и Марија Јовановска, која се пресели во шампионот Ѓорче Петров.