Вардар задржа уште еден бек – нов договор за Поповска

Раководството на Вардар активно работи на играчкиот кадар за наредната сезона во Женската лига.

Јана Поповска, 19-годишна ракометарка што игра на бековските позиции доби нов договор и ќе биде дел од тимот предводен од Анжела Платон.

Во „црвено-црната“ екипа остануваат Нина Милевска, Јасмина Попова, Дона Тодоровска, Нина Неделковска, Марија Голабоска, Елена Балоска, како и капитенот на кадетската екипа Мила Ристовска.

Беа обновени договорите и со сите ракометарки што настапуваа на пивотменската и крилните позиции.

Претходно Вардар ја донесе и Ана Михајловска од Куманово на левата бековска позиција, а се раздели со Сара Богојеска и практично го има истиот состав на располагање.