Тимот на Младост Богданци го промовираше петтото засилувње пред сезоната во која ќе влезе со суперлигашки амбиции.
Станува збор за десното крило Никола Димитров, кој може да одговори и на обврските на десната бековска позиција.
Димитров во Богданци доаѓа од Борец ФЛ, кој беше исклучен од суперлигашкото друштво, а претходно беше дел од Еурофарм Пелистер 2, Голден Арт, Работнички…
Ова е камбек за битолчанецот во Богданци, откако таму играше во сезоната 2020/21 кога тимот играше во Супер лигата.
Претходно Младост го донесе тренерот Горан Андоновски, како и Гоце Аргиров, Даниел Андоновски, Лазар Адамовиќ и Никита Соколов.