Репрезентативно засилување за шампионот – Дукоска со камбек во Ѓорче Петров!

Шампионот Ѓорче Петров полека го формира играчкиот ростер за наредната сезона, а најновото засилување доаѓа од редовите на големиот ривал Чаир.

Десниот бек Теодора Дукоска, која беше избрана за најдобар десен бек во All Star тимот на 24Ракомет за минатата сезона, од ова лето се враќа во Ѓорче Петров и ќе го носи дресот на „лавиците“.

Дукоска потекнува од Стружанка, од 2022 до 2022 беше дел од Чаир, а потоа играше една сезона за Ѓорче Петров. Се врати во Чаир, имаше одлични настапи минатите две сезони, пред одново да се реши за трансфер во шампионот.

Ѓорче Петров досега ги задржа голманката Флавија Габина, Милица Николиќ, Катерина Дамјаноска, Ива Велкова, Емилијана Ризоска и Мила Ѓорѓиевска, како и Санкон Кадиату и Камара Мацире.

Претходно „лавиците“ ги засилија своите редови со голманката Марија Јовановска, левото крило Стефанија Ѓорѓиевска, пивотот Анастасија Трпеска, Бугарката Стефани Петрова, Португалката Шејла Ланга и сестрите Бојана и Борјана Коцеви.