Стружани полека го склопуваат играчкиот мозаик за наредната сезона во која ќе влезат со значително променет ростер, но и нов стручен штаб.
Кружниот напаѓач Филип Талевски и Струга потпишаа нов договор на две сезони и би требало да остане покрај езерото најмалку до 2027 година.
Битолчанецот се наоѓа во фаза на рехабилитација по повредата на лигаментите, но би требало да биде подготвен за вториот дел на сезоната.
Стружани ги продолжија договорите со Војо Клењоски, Филип Пајкоски, Ненад Костоски и Дамјан Тутенкоски, а засилување е десното крило Наум Костов.
Од клубот покрај тренерот Наум Танески, заминаа и десното крило Александар Стојков и левиот бек Богдан Мијушковиќ.