Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беа извлечени групите за новото издание на Лигата на шампионите.
Maкедонија нема да има свој клуб веќе во елитата седма сезона по ред, а нема да има ниту македонски интернационалки.
Европскиот првак Ѓер се најде во групата А, додека вицепрвакот Оденсе ќе биде во групата Б, која се чини дека е потешка во однос на другата.
Новата сезона во најелитното европско клупско натпреварување ќе стартува на 6/7 септември.
Лига на шампиони, 2025/26, жени:
група А: Ѓер, Мец, Сторхамар, Борусија Дортмунд, Есбјерг, Глорија Бистрица, Будуќност, Дебрецин
група Б: ЧСМ Букурешт, Лудвигсбург, Оденсе, Брест Бретањ, Ференцварош, Крим, Подравка, Икаст