Вардар ги задржа сите бекови – нови договори за Попова, Милевска, Ристовска…

Раководството на Вардар активно работи на играчкиот кадар за наредната сезона во Женската лига.

Откако ги задржаа сите ракометарки од голманската, пивотменската и крилната позиција, на ред дојдоа и бековите.

Во „црвено-црната“ екипа остануваат Нина Милевска, Јасмина Попова, Дона Тодоровска, Нина Неделковска, Марија Голабоска, Елена Балоска, како и капитенот на кадетската екипа Мила Ристовска.

Претходно Вардар ја донесе и Ана Михајловска од Куманово на левата бековска позиција, а се раздели со Сара Богојеска и практично го има истиот состав на располагање.