Куманово го промовираше првото засилување пред стартот на новата сезона во суперлигашкото друштво.
Станува збор за левиот бек Виктор Трифуноски, кој доаѓа од составот на Борец ФЛ кој кон крајот на минатата сезона беше исклучен од лигата.
Освен во Велес, Трифуноски настапуваше во младинските категории на Вардар, а потоа и во составот на Аеродром.
Претходно Куманово го промовираше новиот стратег – Аце Станковски, а го задржа и Христијан Крстаноски.