Словенија оди во ТОП 8, ќе има сканди четвртфинале на СП за младинци

Се комплетираа натпреварите од главната рунда и Президент Купот на Светското првенство за младинци во Полска, а познати се и четвртфиналните двојки.

Актуелниот светски првак Германија триумфираше над Египет и ја остави Шпанија без четвртфинале. Одличната генерација на „фуријата“, која беше во шампионска серија на ЕП за кадети, СП за кадети и ЕП за младинци, со браќата Цикуша не успеа да го круниса последното натпреварување со медал.

Словенија ја победи Унгарија и оди во ТОП 8, а таму ќе има сканди четвртфинале меѓу Данска и Норвешка.

Единствената неевропска селекција, Египет, ќе ја предизвика Португалија, додека Шведска ќе мора против светскиот првак Германија за место во полуфиналето.

Фарски Острови одамна не се изненадување, но денеска беа немоќни против Данска и го запишаа првиот пораз на СП, а во четвртфиналето ќе се соочат со Словенија.

СП младинци, главна рунда, резултати, 2 коло:

група 1
Норвешка – Австрија 27-27
Словенија – Унгарија 37-31

група 2
Шведска – Португалија 29-31
Јапонија – Хрватска 32-37

група 3
Данска – Фарски Острови 41-32
Франција – Романија 40-33

група 4
Швајцарија – Шпанија 33-45
Германија – Египет 29-25

СП младинци, Президент Куп, резултати, 2 коло:

група 1
Уругвај – Бразил 16-30
Полска – Аргентина 33-32

група 2
Кореја – Алжир 24-24
САД – Канада 39-23

група 3
Мароко – Исланд 28-48
Мексико – Македонија 21-41

група 4
Србија – Бахреин 36-32
Тунис – Саудиска Арабија 35-31

СП младинци, четвртфинале:

Словенија – Фарски Острови
Португалија – Египет
Данска – Норвешка
Шведска – Германија