Екипата на Зенит од Санкт Петербург стана шампион на дивизијата „Исток“ во регионалната СЕХА лига.
Тимот предводен од руската легенда Дмитри Торгованов во финалниот натпревар славеше против Чеховски Медведи со 35-34, откако и на паузата водеше со 20-17.
Средниот бек Олег Луна, кој подоцна беше избран и за МВП на Ф4 турнирот, беше лидер на екипата од Санкт Петербург, со девет гола од десет обиди.
Во битката за третото место, ЦСКА Москва беше подобра од белорускиот Мешков Брест со убедливи 32-23.