Светската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од второто коло на Мундијалот за младинци.
Македонија во втората рунда се среќата со незгодната Романија, а ИХФ делегираше полски арбитри.
Станува збор за Михал Фабрични и Јакуб Равицки, додека делегати ќе бидат Јован Попадиќ од Србија и Јута Ерман од Германија.
Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра во „Арена Катовице“ со почеток во 14:00 часот.