Македонија кандидат за домаќин на машкото ЕП 2034!

Ракометната федерација на Македонија, заедно со федерациите на Словенија и Србија ќе се кандидира за домаќинство на машкото ЕП 2034.

Словенците ја потврдија оваа информација на прес-конференција, а кандидатурата ќе биде поднесена кога ЕХФ ќе го објави процесот за аплицирање. Белград би требало да биде домаќин на финалниот викенд.

Македонија досега беше домаќин на женско ЕП 2008 самостојно и заеднички со Црна Гора и Словенија на ЕП 2022.

Eвропското првенство 2026 ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка, во 2028 година во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Домаќини на ЕП 2030 ќе бидат Шведска, Данска и Полска, додека ЕП 2032 ќе се игра во Германија и Франција.