Наум Танески, актуелен селектор на Македонија на генерацијата 2006 и помлади и тренер на Струга, е блиску до тоа да стане новиот тренер на Прилеп. Според информации на 24Ракомет, од извори блиски до клубот, преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза и се очекува финален договор веќе следната недела.
Танески сезонава ја водеше екипата на Струга, обезбедувајќи опстанок во Суперлигата, откако во последнот меч од баражот за опстанок, го победија тимот на Мулти Есенс со 24-19, каде на клупата е Миле Бочкароски кој му е помошник на Танески во репрезентацијата.
Дополнителна тежина на овие информации им дава и изјавата што Танески ја даде за 24Ракомет по бараж-дуелот во Прилеп, каде директно потврди дека се водат преговори за тоа дали ќе остане во Струга и какви ќе бидат неговите следни чекори.
Ваквата отвореност само ги подгрева шпекулациите за негова преселба во Прилеп.
View this post on Instagram
Прилеп кој важи за стабилен тим, сезонава веќе смени еден тренер, па на местото на Божидар Мојсов дојде Страшо Илиоски, кој ја заврши сезоната. Но, клубот бара тренер кој ќе има фокус на стабилизација и подигнување на резултатското ниво. Клубот од Прилеп веќе неколку сезони вложува во екипата, но сезонава за малку не влегоа во плејофот. Тоа ќе биде нивната следна цел.
Официјална потврда се очекува наскоро.