МВП НА 7. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВСКИ (АЛКАЛОИД)

Членот на „сино-белиот“ тим од Автокоманда, Александар Петковски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 7 коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Македонскиот репрезентативец беше меѓу најдобрите поединци во триумфот на неговиот тим против Тиквеш.

Петковски, кој имаше конкурент во Милан Лазаревски, освои 48% од гласовите на анкетата, додека вардарецот имаше 25% од гласовите.

Номинирани за МВП на седмото коло од плеј-оф/аут фазата беа уште Филип Кузмановски, Филип Ивиќ, Хансер Родригез, Ласко Андоновски и Гиљерме Да Силва Фернандеш.