Денеска во центарот на вниманието ќе биде гостувањето на шампионот Еурофарм Пелистер во Автокоманда кај „сино-белите“.
По загубеното Куп финале од Вардар, битолчани ќе имаат шанса за поправен во првенството, на дуелот со тимот на Лазаров и в сабота со „црвено-црните“.
Без разлика како ќе заврши средбата во Автокоманда, Еурофарм Пелистер ќе мора да слави на дербито против Вардар за да ја одбрани титулата.
Од друга страна домашните гледаат своја шанса за вицешампионската позиција, па сигурно нема да му препуштат ништо на случајот.
На табелата, Вардар и Еурофарм Пелистер имаат по 17 бода, додека „сино-белите“ од Автокоманда се трети со 11 бодови.
Во суперлигашкиот плеј-аут, Радовиш го пречекува Прилеп и победа на овој дуел му носи опстанок во елитната конкуренција.
Радовиш и Струга се борат да го избегнат последното место кое носи бараж за опстанок, а двете екипи имаат по осум бода, но радовишани и меч повеќе.
Во Куманово гостува Пролет, но двете екипи веќе одамна го обезбедија местото во Супер лигата за наредната сезона.
Низ Европа, ќе има многу интересни битки за титулите во домашните првенства.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
19:00 АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 РАДОВИШ – ПРИЛЕП (МАКЕДОНИЈА)
19:00 КУМАНОВО – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ПИК СЕГЕД – ВЕСПРЕМ (УНГАРИЈА)
20:15 ГОРЕЊЕ – СЛОВАН (СЛОВЕНИЈА)
20:30 КЕЛЦЕ – ВИСЛА ПЛОЦК (ПОЛСКА)
18:00 ВОЈВОДИНА – ПАРТИЗАН (СРБИЈА)