МаxBet организира крводарителска акција во Битола

Во среда, 28 Мај од 9:30 до 13:00 часот, МaxBet организира акција за дарување на крв во својот локал,  со адреса на ул. Климент Охридски бр. 31, Битола. Оваа акција е 75-та по ред која МаxBet ја реализира во рамките на својата иницијатива “Животот е крв” и прва која се одржува во Битола, во соработка со  Црвениот Крст на Република Македонија.

Ги повикуваме сите сограѓани да одговорат на оваа акција и да ја споделат со своите членови на фамилијата и пријателите, како би ја подржале оваа хуманитарна иницијатива заедно со нас. Вашата помош е од непроценлива вредност во обезбедувањето на потребните залихи на крв, кои се од клучно значење во итните медицински ситуации и неретко одлучуваат во спасување на човечки живот.

МаxBet обезбеди за сите дарители на крв симболичен поклон за благодарност за нивниот несебичен придонес.

 

Спаси живот – дарувај крв.