Партизан најде замена за Маџовски

Левото крило Марко Николиќ од Крка, десното крило Страхиња Станковиќ од Констанца и левиот бек Кристијан Илие ќе бидат нови засилувања за српскиот Партизан, пишува Моцарт Спорт.

Тренерот Ѓорѓе Чирковиќ ја продолжи соработката со Партизан и за следната сезона, во која клубот влегува со уште поголеми амбиции, а веќе се работи на играчкиот кадар.

Николиќ треба да биде замена за македонскиот интернационалец Бојан Маџовски, чиј договор истекува ова лето и нема да биде продолжен.

Станковиќ и Илие соработуваа со Чирковиќ во Констанца, па српскиот стратег добро ги знае нивните квалитети.

Покрај Чирковиќ, договорот за наредната сезона го продолжија Никола Зечевиќ, Миха Котар, Саид Хеидарирад, Иван Мичиќ, Никола Црноглавац, Петар Ѓорѓиќ…