Раководството на Вардар активно работи на формирањето на играчкиот кадар за наредната сезона, а на „црвено-црниот“ радар е аргентински репрезентативец што настапува во Франција, дознава 24Ракомет.
Станува збор за Николас Боно, кој има 27 години и игра за францускиот Истр. Средниот бек потекнува од Балестер од Аргентина, имаше кратка епизода и во бразилскиот Таубате, а од 2021 година.
Играше за шпанските Замора и Синфин, а во тимот од Сантандер даде 140 голови на 29 меча. Потоа се пресели во Шербур, за во актуелнава сезона да го облече дресот на Истр.
Боно игра и за националниот тим на Аргентина, а во својата биографија има запишано настапи на првенството на Средна и Јужна Америка 2024, Олимписките игри 2024, како и на Светското првенство 2025.
Вардар досега промовираше осум засилувања – голманот Милош Валах, пикерите Кристијан Анастасовски, Виктор Јанковски, крилото Махмаду Кеита, како и бековите Филип Талески, Марек Марчинијак, Јака Малус и Урош Митровиќ.