На денешен ден пред десет години, тројца поранешни репрезентативци на Македонија освоија европски трофеј.
Лазо Мајнов, Митко Стоилов и Горан Кузманоски како дел од романскиот тим Одорхеи се израдуваа на трофеј во Европскиот Куп, кој тогаш го носеше називот Челинџ Куп.
Одорхеи на реванш мечот на домашен терен ја совлада португалската Брага со 32-25, иако загуби на првиот меч со 32-28, но успеа да ја надомести негативата.
Натпреварот по кој на евро-трофеј се радуваа Мајнов, Кузманоски и Стоилов, го судеа македонските судии Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев.