Screenshot

Четири Македонки на терен на меч во Романија

Четирите македонски репрезентативки што играат во најсилното женско натпреварување во Романија ја завршија сезоната со меѓусебен дуел.

Рапид Букурешт на Сара Ристовска славеше против Слатина на Ивана Гакидова, Јована Саздовска и Јована Мицевска со 32-26.

Ристовска имаше три погодоци на овој дуел, Гакидова и Саздовска погодија по еднаш, а Мицевска запиша 11 интервенции.

Рапид Букурешт го заврши првенството на петтото место и ќе игра во европските купови, додека Слатина успеа да обезбеди опстанок во елитната романска конкуренција.