Тимот на Рапид Букурешт, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, славеше во 23 коло од романскиот шампионат.
Рапид триумфираше на гостувањето кај составот на Јаши со 26-24, откако и на паузата водеше со 15-10.
Капитенот на Македонија погоди три пати од три обиди во противничката мрежа и имаше улога во новиот триумф на Рапид.
Тимот од Букурешт се бори за местото број 4 на табелата, што носи место во Европа, но ќе мора да чека киксови на Дунареа Браила и Баја Маре.
Рапид Букурешт е на шестата позиција со 44 бода, исто колку и Дунареа, додека Баја Маре има 45 бодови на четвртото место.