Тимот на Бутел Скопје го започна летниот шопинг и формирањето на ростерот за наредната сезона.
Скопскиот клуб веќе има пикирано двајца интернационалци – словенечки бек и чувар на мрежата, дознава 24Ракомет.
Бутел Скопје е познат по тоа што форсира македонски играчи, кои ќе ја сочинуваат основата на тимот на Горан Кузманоски, но дефицитарните позиции ќе надополни со квалитетни странци.
Бутел оваа сезона има четворица младински репрезентативци на Македонија, промовираше уште неколку нови имиња во првиот тим, а така ќе биде и следната сезона.
Бутелци оваа сезона играат во плеј-офот и се уште имаат шанси за четвртото место, а до крајот ги очекуваат натпревари со Вардар, Еурофарм Пелистер, Тиквеш и „сино-белите“ од Автокоманда.