Некогашен ас на Еурофарм Пелистер близу до голот на Охрид

Некогашниот голман на Еурофарм Пелистер, Карим Хендави, е на добар пат да се врати во Македонија и да го засили амбициозниот Охрид.

Иако во комбинација беше уште еден екс чувар на мрежата на пелистерци, Урбан Лесјак, сепак се чини дека Хендави е (по)блиску до трансфер покрај езерото.

Досега охриѓани ги договорија Анте Иванковиќ, Предраг Вејин, Николас Лиапис и Tилен Стрмљан, а беа продолжени сорабоките со голем број од носителите на играта.

Најголем дел од кариерата Хендави мина во Замалек, а бранеше и за Ал Ахли во татковината, турскиот Бешикташ, романската Констанца, од каде што дојде во Битола.

По враќањето од татковината имаше на два пати кратки позајмици во Саудиска Арабија во дресовите на Ал Калеј и Ал Сафа.