Ракометарите се „опарија“ – ќе поделат 3.000.000 денари!

По триумфот над Литванија со 26-17 во последното коло од квалификациите за ЕП 2026 година, Македонија се пласираше на осми по ред континентален собир.

Тоа значи дека ракометарите и стручниот штаб ќе поделат премија од 3.000.000 денари за овој успех.

Половина од премијата ќе биде од Ракометната федерација на Македонија, додека половина ја вети Министерство за Спорт.

Македонија осми пат ќе игра на ЕП, а настапот во Данска, Шведска и Норвешка ќе биде 15. во историјата на големите натпреварувања.