ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Лазаров избра за решавачкиот меч со Литванија – еве кои ќе играат!

Селекторите Кирил Лазаров и Гинтарас Савукинас ги одредија составите на Македонија и Литванија, кои вечерва од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе ги вкрстат копјата во директен дуел за пласман на ЕП 2026 година.

Лазаров за денешната средба ги избра истите 16 ракометари што настапија на дуелот со Естонија во Талин. Надвор од комбинација останаа голманот Иван Галевски, десното крило Александар Петковски и левиот бек Емилијан Ѓорговски.

На табелата во групата 1 каде што е Македонија, Словенија е сигурно прва со десет бодови, додека Естонија е сигурно последна пред нивниот меѓусебен дуел. За позицијата број 2 што носи место на ЕП се борат Литванија која има шест бода и Македонија која има четири, а балтичката селекција има победа од првиот меѓусебен дуел со 29-27.

Победа со два гола (или повеќе) ја носи нашата репрезентација на второто место и пласман на ЕП 2026.

Со победа од еден гол, реми или пораз, Македонија ќе биде трета и би имала 2, 1 или 0 бодови, но тоа ќе значи дека ќе мора да се пребројуваме со бодови и гол-разлики со другите третопласирани селекции од осумте групи.