Тимот на Локомотива Загреб, каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, загуби на домашен терен од составот на Рудар.
Изненадувачки, хрватскиот вицепрвак беше поразен од Рудар со 26-25, со гол постигнат во последните секунди.
Македонската репрезентативка на овој натпревар постигна пет погодоци, но и подели три асистенции до колешките.
Овој пораз сепак нема да влијае на позицијата на Локомотива Загреб, па тимот на Седлоска сигурно ќе го освои вицешампионското место и ќе игра во Лигата на Европа.