Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 6 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Бутел Скопје, како и по еден од „сино-белите“ од Автокоманда, Вардар, Еурофарм Пелистер, Куманово и Струга.
За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
Супер лига, 6. коло, резултати:
Плеј-оф
ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 29-31 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ВАРДАР 26-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 29-25 (ИЗВЕШТАЈ)
Плеј-аут
РАДОВИШ – КУМАНОВО 25-26 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ПРОЛЕТ 22-20 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
Голман: Александар Стојаноски (Бутел Скопје) – Чуварот на мрежата бранеше одлично и беше меѓу творците на триумфот во Охрид.
Лево крило: Дејан Манасков (Еурофарм Пелистер) – Искусниот екс репрезентативец даде десет гола во победата над кавадарчани.
Лев бек: Давид Димевски (Куманово) – Младинскиот репрезентативец беше лидерот на вредниот триумф кај Радовиш.
Среден бек: Мартин Ивановски (Алкалоид) – Плејмејкерот беше меѓу најдобрите поединци во ремито против Вардар.
Десен бек: Димитар Узунчев (Бутел Скопје) – Младинскиот репрезентативец шест од своите седум гола ги даде во вториот дел кога се кршеше резултатот.
Десно крило: Александар Стојков (Струга) – Десното крило беше меѓу најдобрите во тимот на Наум Танески на средбата со Пролет.
Пивот: Милан Лазаревски (Вардар) – Кружниот напаѓач беше стрелец на клучниот гол за „црвено-црните“, кои на крајот можат да бидат задоволни и со бод.