Екипата на Нексе Нашице успеа по подолго време да освои бод(ови) против Загреб, откако одигра нерешено, 31-31, на гостински терен.
Драмата и поделбата на бодовите, ја продолжија неизвесноста околу шампионот на Хрватска. Загреб води со 3-1 во бодови, по две одиграни средби (победа на Загреб и реми), а тоа значи дека ќе има уште најмалку две средби до крајот на финалната серија.
Нексе имаше и плус два во финишот на дуелот во Загреб, но домашните по кризниот период без погодок, успеаја да израмнат на 26-26 и да се вратат во игра. Потоа и момците на Петковиќ водеа со 31-30, но голот на Цениќ донесе поделба на бодовите.
Загрег го имаше последниот напад, но немаше гол и гостите задоволни си одат во Нашице. Игор Белавски беше прво име кај Загреб со седум гола, а исто толку за Нексе Нашице постигна Тин Лучин.
Следната средба ќе се игра на 24 мај во Загреб, додека четвртиот меѓусебен натпревар е закажан за 28 мај во Нашице. Дали Нексе ќе успее да освои бодови за да се игра и петта средба ќе видиме наскоро.