ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Врањеш се сели во Унгарија, Конку верен на Келце, Иванишевиќ има нов клуб

  • Српскиот репрезентативен голман Тибор Иванишевиќ од лето ќе има нов клуб во Германија. Дресот на Гепинген, каде што Србинот брани оваа сезона, ќе го замени со оној на Минден, кој се бори за камбек во Бундес лигата.
  • Босанскиот кружен напаѓач Владимир Врањеш од лето се враќа во Унгарија и ќе го облече дресот на Чурго. Врањеш долги години играше за Татабања и ПИК Сегед, потоа беше дел од Адемар Леон, Мешков Брест, Бенфика, а во моментов настапува за Вецлар.
  • Десното крило на француската репрезентација Беноа Конку, останува верен на полскиот вицепрвак Келце и потпиша нов договор со тимот предводен од Талант Душебаев до 2028 година.
  • Десниот бек на Војводина и на српската репрезентација, Јовица Николиќ, на крајот на сезоната заминува од Нови Сад и ќе игра во Кувајт. Николиќ по камбекот од бундеслигашот Вецлар, ја врати старата форма и оваа сезона е меѓу најдобрите во српскиот шампион.