Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа одредени официјалните лица за натпреварите од 6 коло во плеј-офот и плеј-аутот од Супер лигата.
Дербито во Автокоманда меѓу „сино-белите“ на Кирил Лазаров и Вардар ќе го судат Методија и Михајло Илиевски.
Средбата меѓу Еурофарм Пелистер и Тиквеш им е доверена на Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев, додека мечот меѓу Охрид и Бутел Скопје ќе мине со арбитража на Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Најинтересната средба од плеј-аутот меѓу Радовиш и Куманово, им се „падна“ да ја судат на Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Со оглед на тоа што Борец ФЛ беше исклучен од Супер лигата, прилепчани ќе имаат слободен викенд.
Супер лига, 6 коло, плеј-оф/аут:
Алкалоид – Вардар (Илиевски/Илиевски)
Еурофарм Пелистер – Тиквеш (Кркачев/Колевски)
Охрид – Бутел Скопје (Николов/Начевски)
Радовиш – Куманово (Митревски/Тодоровски)
Струга – Пролет (Металари/Николовски)