Данска ќе има два претставника на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите кај дамите, откако Есбјерг успеа да го елиминира ЧСМ Букурешт.
Романскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар триумфираше минимално со 30:29, а на реваншот, кој се одигра во Есбјерг, данскиот тим славеше со 26:22.
ЧСМ Букурешт иако има еден од најголемите буџети во женскиот ракомет, сепак, последен пат на завршницата учествуваше во сезона 2017/18.
Една од најзаслужните за пласманот на Есбјерг на завршницата во Будимпешта беше голманката Ана Кристинсен, која на реваншот забележа 12 интервенции.
За Есбјерг ова ќе биде четврто последователно учество на Ф4 турнирот во најквалитетното европско натпреварување, и во четвртиот обид ќе се обиде конечно да стигне до финалето.
Освен Есбјерг, од скандинавската земја учесник на Ф4 ќе биде и Оденсе, кој вчера го елиминираше Ференцварош.
Останатите два учесници се Мец и актуелниот бранител на титулата – гигантот Ѓер. Ф4 турнирот во Будимпешта ќе се одржи од 31 мај до 1 јуни.