Екипата на Ѓер е вториот патник на Ф4 турнирот во Будимпешта, откако успеа во четвртфиналето да го елиминира незгодниот Лудвигсбург.
Унгарскиот тим на првиот натпревар триумфираше минимално со 25:24, а денеска одигра далеку подобро и дојде до убедлива победа од 29:22.
Ѓер на завршницата од Лигата на шампионите ќе ја брани титулата освоена минатата сезона, а покрај актуелниот првак, пласман на Ф4 обезбеди и Оденсе.
Останатите два учесници ќе бидат познати по одигрувањето на утрешните натпревари меѓу Мец и Брест, и Есбјерг и ЧСМ Букурешт.