Новиот вардарец Марцинијак во идеалниот тим на колото во Полска!

Новиот вардарец Марек Марцинијак игра во одлична форма во финишот на сезоната во полскиот шампионат.

Иако неговиот тим Азоти Пулави се бори за опстанок, Марцинијак беше најдобар стрелец во победата над Легионово со 32-28.

Десниот бек успеа да постигне осум погодоци во противничката мрежа и заслужено се најде во идеалниот тим на колото.

Азоти Пулави има 34 бодови досега и сигурен е на 11 место на табелата што носи опстанок во елитното друштво во Полска.