Еден од учесниците на завршниот турнир во Лигата на Европа, Дижон, му врачи отказ на тренерот Ентони Фавие.
Францускиот клуб на само десетина дена до борбата за трофеј во европското натпреварување, реши да се раздели со тренерот, но притоа не ги откри причините.
Тој е на клупата на Дижон од минатата сезона, а на неговото место клубот ќе го водат спортскиот директор Кристоф Марешал и екс стратегот на Ница, Клеман Алкасе.
Дижон изненадувачки оваа сезона обезбеди место на Ф4 во Лигата на Европа, а во полуфиналето ќе се сретне сo германскиот Турингер.