Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 4 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Вардар, Радовиш, Борец ФЛ, Струга, Пролет и „сино-белите“ од Авткоманда.
За МВП на колото ќе можете да гласате до вторник до 12 часот.
Супер лига, 4. коло, резултати:
Плеј-оф
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 22-34 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – АЛКАЛОИД 28-36 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ТИКВЕШ 32-24 (ИЗВЕШТАЈ)
Плеј-аут
ПРОЛЕТ – КУМАНОВО 24-20 (ИЗВЕШТАЈ)
БОРЕЦ ФЛ – СТРУГА 24-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – РАДОВИШ 26-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 4. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
Голман: Александар Ѓурѓевиќ (Борец ФЛ) – Чуварот на мрежата бранеше одлично и запиша 18 интервенции против Струга.
Лево крило: Давор Палевски (Пролет) – Левото крило имаше пет гола на наптреварот против Куманово.
Лев бек: Стефан Петриќ (Вардар) – Србинот беше меѓу најзаслужните за триумфот против кавадарчани.
Среден бек: Игор Ѓорѓиев (Алкалоид) – Плејмејкерот го водеше тимот од Автокоманда до значаен триумф на незгодниот терен во Охрид.
Десен бек: Лазар Адамовиќ (Радовиш) – Српскиот интернационалец со 11 гола ги водеше радовишани до важен триумф кај Прилеп.
Десно крило: Александар Стојков (Струга) – Десното крило постигна десет гола во драматичниот меч во Велес.
Пивот: Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер) – Кружниот напаѓач на пелистерци, иако со лимитирана минутажа, имаше важна улога во триумфот кај Бутел.