Противник на младинците на Еурофарм Пелистер во финалето на квалификацискиот турнир за пласман на Ф4 во Лигата на шампионите ќе биде домаќинот Динамо Букурешт.
Романскиот тим славеше во вториот полуфинален двобој над полската Висла Плоцк со 31-28, а водеше константно во текот на целиот меч.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Динамо Букурешт ќе се одигра утре во салата „Поливалента“ во Букурешт со почеток во 18:00 часот.
Во битката за третото место ќе се соочат Келце и Висла Плоцк, а пласман на Ф4 досега обезбеди унгарскиот Веспрем.