МВП НА 3. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – ДАРИО СИМОНОСКИ (КУМАНОВО)

Членот на Куманово, Дарио Симоноски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на третото коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Кружниот напаѓач на кумановци одигра одлично на важниот дуел против Прилеп и беше меѓу најзаслужните за освоениот бод.

Симоноски освои околу 55% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Лазар Адамовиќ од Радовиш со 34%.

Номинирани за МВП на третото коло од плеј-оф/аут беа уште Игор Кривокапиќ, Дмитро Горига, Христи Бикоски, Филип Ивиќ и Мице Шилегов.