Шведската легенда Гулден оди во пензија!

Легендарната шведска ракометарка Изабела Гулден објави дека ја завршува професионалната кариера на крајот од оваа сезона.

Иконата на шведскиот ракомет ја започна кариерата во Савехоф, а потоа имаше одлични настапи на меѓународна сцнеа.

Беше дел од данскиот Виборг, романскиот ЧСМ Букурешт, францускиот Брест Бретањ и норвешкиот Вајперс Кристијансанд.

Освојуваше многу титули со овие клубови, а најзначајни се оние во Лигата на шампионите со ЧСМ Букурешт во 2016 и со Вајперс Кристијансанд во 2022 година.

Гулден го носеше дресот на Шведска на 224 натпревари и постигна 840 погодоци на големите натпреварувања.

Последен клуб во нејзината кариера беше шведскиот Луги.