Пролет им се врати на победите, убедливо славеше против Борец ФЛ

По поразот на гостински терен кај Прилеп, составот на Пролет кој играше без Петковски, Атанасовски, Стоилевски…им се врати на победите во битката за опстанок во елитната конкуренција и славеше против Борец ФЛ со убедливи 36-30.

Велешани одлично се носеа со домаќините на овој натпревар, водеа со 5-2 на стартот, потоа успешно одржуваа предност и имаа дури плус пет, 13-8, па Никола Матлиески мораше да вика тајм-аут да ги смири своите избраници.

Потоа Пролет почна да ја прави клучната серија и комплетниот пресврт. Во нападот доминираа Стојановски, Шилегов и Андоновски, и набрзина домаќините не само што се вратија во егал, туку и поведоа со 15-13.

До паузата Пролет ја зголеми својата предност на плус три, 18-15, во второто полувреме велешани во два наврати намалија на минус еден, но немаа сили за нешто повеќе и домашните само рутински го одработија финишот на мечот.

Шилегов имаше девет гола за победничкиот тим, Глигоров даде седум, додека шест постигна капитенот Андоновски. Во велешкиот состав се истакна Стојановски, кој погоди девет пати во домашната мрежа.

Сега на табелата, Пролет е прв со седум бода, Прилеп е втор со шест, додека Борец ФЛ е претпоследен со три бода. Во следното коло, велешани ќе ја пречекаат Струга, а а Пролет ќе игра дома со Куманово.