Вардар од лето ќе „лета“ со нови крила

Двократниот европски првак Вардар на лето ќе се раздели со двете леви крила – Марко Срдановиќ и Хансер Родригез. Срдановиќ најверојатно ќе се врати во татковината, додека за Родригез се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Двајцата дојдоа во Вардар пред две сезони и оставија позитивен впечаток, особено Срдановиќ, кој секогаш беше меѓу најдобрите стрелци на натпреварите на домашна и меѓународна сцена.

Клубот веќе е во активна потрага по нивни замени, кои ќе го пополнат ростерот за следната сезона. Во клубот останува младинскиот репрезентативец Марио Стојановски, кој има активен договор со „црвено-црниот“ клуб.

Досега Вардар ги потврди ангажманите на десниот бек Марек Марцинијак, голманот Милош Валах, како и кружниот напаѓач Виктор Јанковски. Покрај Срдановиќ и Родригез, заминуваат и Томислав Јагуриновски, Ларс Коиј и Михаил Аларов.

Активни договори за наредната сезона со Вардар има левото крило Марио Стојановски, левиот бек Томче Стојановски, кружниот напаѓач Милан Лазаревски, средниот бек Марио Танкоски, десните крила Мигел Пинто и Ален Ќосевски, голманите Васил Гогов, Мигел Еспиња и Марко Богдановски, десниот бек Кристијан Стаменковиќ…

На крајот на оваа сезона им истекуваат договорите на Ашраф Маргели, Гоце Георгиевски, Младен Крсманчиќ, Нилтон Мело, Вуко Борозан, Матија Николиќ, Стефан Петриќ…