ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар брка трет триумф, Охрид брка изненадување во „Јане Сандански“

Денеска со натпреварот меѓу Вардар и Охрид ќе започне 3. коло од плеј-оф/аут фазата во суперлигашката конкуренција.

Вардар засега има максимален ефект, во првите две кола славеше против градските ривали – тимот од Автокоманда и Бутел.

Охриѓани, кои во претходното коло беа поразени од актуелниот шампион, а на стартот беа подобри од Бутел, ги очекува тежок предизвик.

Стевче Алушовски се соочува со големи играчки проблеми, но и покрај отсуството на неколку клучни играчи, составот на „гладијаторите“ не треба да се потцени.

Вардар во регуларниот дел од сезоната двапати го совлада Охрид,со 29:26 на домашен терен и 27:26 на гости.

Денешниот натпревар ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 18:00 часот, а покрај овој меч ќе се играат уште две средби од прволигашката конкуренција.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:00 ВАРДАР – ОХРИД (СУПЕР ЛИГА)
18:30 ТЕКСТИЛЕЦ – АЕРОДРОМ (ПРВА ЛИГА)
19:00 МЕТАЛУРГ РА – ДРАЧЕВО (ПРВА ЛИГА)

Алушовски: Можеме против секого на било кој терен