Каталонскиот гигант на шопинг – доаѓа „фараонот“ Елдера

Каталонскиот гигант Барселона денеска го потврди трансферот на египетскиот репрезентативец Сеиф Елдера.

Левиот бек во редовите на актуелниот европски шампион ќе пристигне ова лето од  Лимож, тим со кој во тековната сезона учествува и во Лигата на Европа.

Египќанецот имаше одличен настап на Светското првенство 2025, кое се одржа во Данска, Норвешка и Хрватска, со што го привлече вниманието на поголемите клубови.

Двете страни се договорија на соработка до летото, 2027 година, па така Елдера во Барселона ќе остане најмалку две сезони.

Искусниот ракометар за сениорската репрезентација на Египет настапува од 2020 година, а Барселона ќе му биде втора интернационална станица.

Барса ова лето ќе остане без клупските легенди Арињо и Де Варгас, а тимот ќе го напуштат и Мелвин Ричардсон и Хампус Ване.