Машката младинска репрезентација на Македонија денеска по вторпат ќе се соочи со Полска.
Избраниците на Раде Стојановиќ на мини-турнирот во полскиот град Олецко треба да играа и со Алжир, но младинците на оваа селекција не допатуваа во Полска.
На првиот контролен натпревар, кој беше одигран вчера, двете репрезентации одиграа без победник, 24:24.
Денешниот натпревар меѓу Полска и Македонија е закажан за 18:00 часот.
Овие пријателски натпревари се дел од подготовките за младинскиот Мундијал, кој ќе се одржи во периодот од 18 до 29 јуни во Полска.