Пајовиќ заминува од селекторското столче во Австрија

Словенечкиот стратег Алеш Пајовиќ по завршувањето на квалификациите за ЕП 2026 ќе го напушти селекторското место во Австрија.

Поради неговата работа во бундеслигашот Фленсбург, Пајовиќ ќе мора да се откаже од селекторската позиција, а веќе се бара неговиот наследник.

Низ медиумите се споменува Роберт Вебер, некогашниот австриски репрезентативец, кој ја заврши репрезентативната кариера, но се уште е активен во швајцарскиот Сент Гален.

Пајовиќ ќе ги доврши квалификациите за ЕП 2026 во групата со Германија, Швајцарија и Турција, и на добар пат е да и донесе пласман на Австрија на континенталниот собир.