Бабиќ се враќа во хрватскиот ракомет, ќе биде тренер на Сесвете

Поранешниот тренер на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, се враќа на тренерската сцена во хрватскиот ракомет, по договорената соработка со Сесвете, пишува Нет.хр.

Бабиќ клупата на Сесвете ќе ја преземе од тренерската палка на досегашниот тренер Игор Вори, кој ќе остане во клубот и ќе биде спортски директор.

Последниот клупски ангажман на Бабиќ беше во нашиот јужен сосед, конкретно во амбициозниот тим на Олимпијакос.

Хрватот и раководството на грчкиот клуб решија спогодбено да се разделат, откако тимот двапати беше поразен од АЕК Атина, притоа и елиминиран во Купот на Грција.

На меѓународно ниво, Бабиќ ги предводеше и Мешков Брест од Белорусија и Горење Велење од Словенија. Во Хрватска беше предводник на неколку клубови, а еден од нив беше и женскиот тим на Подравка Вегета.

Неговото деби на клупата на Сесвете ќе биде на 22 март на натпреварот против Чаковец.