ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Живковиќ го засили Мешков, Фигуерас се враќа дома, Шатцл се сели во Мец

  • Десниот бек на австриската репрезентација, Борис Живковиќ, е нов ракометар на Мешков Брест. 32-годишниот Живковиќ претходно беше дел од Алпла Хард, Азоти Пулави, бундеслигашот Фленсбург и Ал Кураин, од каде оди во Белорусија.
  • Левото крило од Унгарија, Надин Шолоси Шацл, до крајот на сезоната ќе настапува за францускиот Мец како „медицински џокер“. Некогашната членка на Ѓер и Ференцварош, ќе ја менува бремената Клое Валентини во Мец.
  • Поранешната ракометарка на Валчеа и Рапид Букурешт, Марта Лопес, по дваесетина години се врати во матичниот клуб и ќе го носи дресот на Малага. Шпанското десно крило играше и за Алкобендас, Флери Луар, Бера Бера…
  • Кружниот напаѓач Адриа Фигуерас од лето ќе го носи дресот на шпанскиот Гранољерс. Шпанскиот интернационалец, кој со националниот тим освои седум медали на големите натпреварувања, во моментов игра за Шарт, а претходно беше дел од Нант.