Иако се поврзуваше со најдобрите бундеслигаши, германскиот репрезентативен голман од Вецлар, Тил Климпке потпиша за данскиот второлигаш ХОЈ до 2027. Таму игра Ханс Линдберг, а на лето доаѓа и левото крило Хампус Ване.
Кружниот напаѓач на црногорската репрезентација, Татјана Брновиќ, од лето ќе го облече дресот на романскиот ЧСМ Букурешт, со кој потпиша на две сезони. Брновиќ сега игра во Крим, а претходно беше дел од Будуќност и Брест Бретањ.
Десниот бек на Србија и на Рапид Букурешт, Анѓела Јањушевиќ, која беше меѓу најдобрите на средбите со Македонија, од лето ќе има нов клуб. Таа останува во Романија и ќе го носи дресот на Дунареа Браила, пишува „ГСП“.
31-годишниот десен бек Димитри Кутел на лето ќе си замине од Криенс Луцерн и ќе се врати во шампионот Кадетен Шафхаузен каде настапуваше до 2022 година. Швајцарскиот репрезентативец потпиша до 2027 година.